Ќе се формира посебна Единица за борба против родовото насилство

274

Ќе се формира посебна Единица за борба против родовото насилство (Таск форс), објави на ФБ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и потенцира дека МВР продолжуваат со силното спротивставување и на новите појави и форми на родово насилство кои го рушат достоинството и го загрозуваат правото на приватност на жените и девојчињата.

– Ова особено се однесува на случајот „Јавна соба“, кој нѐ обедини сите во цврстата намера да се забрзаат постапките за криминализација на овие дела со измена на Кривичниот законик. Во насока на зголемување на ефективноста, последниве денови интензивно работиме на подготвување на модалитетите за формирање посебна Единица за борба против родовото насилство (Таск форс). Оваа нова форма на делување ќе биде составена од претставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот и полициски структури, претставници на граѓанскиот сектор, со цел брзо реагирање, санкционирање и превенирање на овие појави, но и креирање стратегија за заеднички активности, почнувајќи од обуки на полицијата и другите државни органи, во насока на ефикасен институционален одговор за борбата против сексуалното и родовото насилство – напиша министерот Спасовски.

Поврзани содржини