Ќе се формира Центар за поддршка на македонските компании при настап на НАТО пазарот

602

Владата на денешната 21 седница го задолжи Министерството за одбрана во својата постоечка организациска структура да вгради Центар/Оддел за поддршка на македонските компании при настап на НАТО пазарот.

– Дополнително за ова прашање Владата го задолжи Министерството за финансии да издаде финансиска согласност за вработување на административни службеници во Министерството за одбрана, за работни места поврзани со Центарот/Одделот за поддршка на компании при настап на НАТО пазарот, за кои веќе се обезбедени финансиски средства во буџетот на Министерството за одбрана и тоа за: 1 (еден) државен советник, 1 (еден) советник и 1 (еден) соработник – се наведува во соопштението од владината седница.






Покрај ова, Министерството за одбрана е задолжено да ја известува Владата за постигнатиот напредок за формирање на Центарот/Одделот за поддршка на македонските компании при настап на НАТО пазарот.

Поврзани содржини