ЌЕ СЕ ЕЛЕКТРИФИЦИРА ПРУГАТА СКОПЈЕ-КИЧЕВО Целта е драстично да се намали загадувањето
Директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски, потенцираше дека за една до 2 години ќе има зрел проект со цел државата да може да тендерира и да отпочне целосна реконструкција од Скопје завршувајќи до Кичево, со што рокот за завршување би бил во периодот од 2031-2032 година.
Директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски, објасни дека пругата Скопје-Кичево ќе биде реконструирана со фокус на животната средина и на екологијата така што ќе биде целосно електрифицирана со што загадувањето ќе биде значајно намалено. Ивановски го имаше своето излагање на денешниот Саем-отчет по повод „4 години работа за тебе“.
– Во овој момент постоечка железница постои кон Скопје преку Тетово-Гостивар до Кичево меѓутоа години наназад не е во функција, оваа делница ќе биде целосно реконструирана и притоа мислејќи на животната средина, на екологијата, ќе биде целосно електрифицирана со што загадувањето ќе го намалиме премногу – рече Ивановски.
Ивановски потенцираше дека за една до 2 години ќе има зрел проект со цел државата да може да тендерира и да отпочне целосна реконструкција од Скопје завршувајќи до Кичево, со што рокот за завршување би бил во периодот од 2031-2032 година.
– Рокот за завршување на целата работа би бил некаде 2031-2032 година поради тоа што градење пруги е доста комплексна работа, не е само желба да се гради, меѓутоа има многу студии коишто претходно мора да биде изработени, да бидат направени, да се запази екологијата, да се запази исплатливоста, да се одреди самата траса каде ќе се случува, тоа во соработка со европските банки се случува овој период со надеж дека некаде помеѓу 1 и пол до 2 години ќе имаме зрел проект и државата ќе може да тендерира и да почне целосна реконструкција од Скопје кон Гостивар-Тетово завршувајќи до Кичево – истакна Ивановски.