ЌЕ СЕ ДОВРШАТ НОВИТЕ ЗГРАДИ НАМЕНЕТИ ЗА ФИНКИ Со години пропаѓаат недовршени

Објектите нема да имаат барокна туку модерна фасада и, според новиот проект, предвидено е двата да бидат споени со мост.

0

Во напредна фаза е решението за довршување на зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичка култура (ФФК) во близина на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (ФИНКИ), информираше на денешниот брифинг со новинарите министерката за образование и наука Весна Јаневска.

– Во работната група учестуваат од Машинскиот, Електротехничкиот, Градежниот, Архитетконскиот факултет и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеиозмологија (ИЗИИС). Направена е анализа и следната недела ќе биде објавен трндер за репроектирање. Кога ќе биде готов ќе има оглас за изведувач на градежните работи – кажа министерката Јаневска.






Јаневска објасни дека објектите нема да имаат барокна туку модерна фасада и, според новиот проект, предвидено е двата да бидат споени со мост.

Поврзани содржини