ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ ЦИСТЕРНА СО ПИТКА ВОДА Цел ден ќе се отстранува дефект во Тафталиџе

94

Поради дефект на улица Копенхагенска бр.4б, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Копенхагенска, Софиска, Бриселска, Његошева, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски.

„Прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9 часот. Поради специфичност на дефектот очекуваме санирањето да биде завршено во вечерните часови. За време на прекинот, ќе биде обезбедена цистерна со питка вода“, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Поврзани содржини