ЌЕ СЕ ДОГРАДУВА ЖИЧНИЦАТА ОД ДЕТСКАТА БОЛНИЦА КОЗЛЕ ДО СРЕДНО ВОДНО Ќе се гради и монтажен паркинг
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно.
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје да се реализира проект за обновување и за модернизација на жичницата на Водно.
Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно.
Како што посочи, оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди монтажен паркинг, што би им овозможило на граѓаните безбедно да ги остават своите возила и да продолжат понатаму.
– Доколку сакате да го паркирате возилото и да бидете сигурни дека има паркинг, за разлика од претходната локација, каде реално нема каде да паркирате возило, и треба да одите пеш – вели Томовски во гостување на ТВ Алфа.
Тој најави дека во текот на утрешниот ден треба да се одржи состанок со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на кој ќе се разговара за двете теми, трасата и начинот на финансирање на проектот.