ЌЕ СЕ ДОДЕЛУВА ЗЕМЈИШТЕ НА ЗАТВОРСКИТЕ СТОПАНСКИ ОДДЕЛЕНИЈА Затворениците во нив ќе учат да обработуваат земја
Соработката ќе придонесе за подобрување на условите за ресоцијализација и подготвување на осудените лица за успешно враќање во општеството по извршувањето на казната.
Министерството за земјодлество ќе обезбедува земјоделско земјиште во државна сопственост за вршење на земјоделска дејност на стопанско-инструкторските одделенија формирани во рамките на секторите за ресоцијализација во состав на казнено-поправните установи.
За реализирање на оваа активност ќе соработуваат Министерството за земјоделство и Управата за извршување на санкции, за што денеска беше потпишан и меморандум.
– Оваа иницијатива претставува значаен чекор во процесот на ресоцијализација и професионална обука на осудените лица, овозможувајќи им да стекнат практични вештини во земјоделството – велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Соработката ќе придонесе за подобрување на условите за ресоцијализација и подготвување на осудените лица за успешно враќање во општеството по извршувањето на казната.