ЌЕ СЕ БОРИМЕ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА Нинова се сретна со македонските Бугари

Ви посакувам сила да се борите за вашите права. Ние сме на ваша страна. Бидете сигурни дека заедно ќе се бориме за тоа за што се борите вие, изјави Нинова.

470

Пратеничката група „БСП за Бугарија“ се сретна со претставниците на бугарските организации и здруженија од Македонија. На средбата присуствувале потпретседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин, претседателот на пратеничката група БСП за Бугарија Георги Свиленски и потпретседателот на групата Филип Попов, пишува Прес24.

Делегацијата од С. Македонија ја поздравила и претседателката на БСП и бугарска вицепремиерка Корнелија Нинова.






– Ви посакувам сила да се борите за вашите права. Ние сме на ваша страна. Бидете сигурни дека заедно ќе се бориме за тоа за што се борите вие – рече Нинова.

Кристијан Вигенин нагласил дека нема да има отстапување од веќе наведените барања за Македонија и нема да се прават компромиси со веќе поставените прашања од Бугарија.

 

 

Поврзани содржини