🎥 ЌЕ СЕ БОРИМЕ ЗА ПУШКАТА, ПА ШТО БИДЕ Хероина од Мостар спречи вооружан грабеж

Маскиран разбојник, вооружен со автоматска пушка, влезе во продавница во Мостар, каде наиде на отпор од храбра продавачка, која тргна да му го земе оружјето.

137

Видео од неверојатната храброст на една продавачка од Мостар ја воодушеви и шокираше јавноста.

Околу 20 часот, маскиран разбојник, вооружен со автоматска пушка, влезе во нејзината продавница во населбата Залик во Мостар, Босна и Херцеговина.






Но, храбрата жена решително да му се спротивстави.

За време на туркањето, се слушна рафална стрелба, но таа не попушти. Разбојникот на крајот избега.

Хероината од Мостар се здоби со полесни повреди, а полицијата интензивно го бара сторителот.

– Единствената поента за мене беше да не му дозволам пушката да ја насочи кон мене. Постојано ја соборував пушката на подот. Веројатно тој беше првиот што го повлече чкрапалото, пушката беше репетирана, сè беше подготвено – изјави продавачката за медиумите.

Таа додаде дека едноставно се плашела од пушката.

– Ја фатив пушката, нема ти да ја имаш, ќе се бориме за пушката, па што биде. Ми беше страв да му ја препуштам пушката, бидејќи не знаев дали ќе ме застрела кога ќе се свртам. Така и јас излегов пред продавницата со него и со пушката и таму тој повторно ме собори на подот и ме удри неколку пати во главата. Во тој момент махинално попуштив, а тој ја зеде пушката и избега меѓу зградите – рече храбрата жена.

Видеото можете да го видите тука.

 

Поврзани содржини