ЌЕ СЕ БОРАМ СО СИТЕ СИЛИ На Навратилова ѝ дијагностицирале 2 вида рак

788

На Мартина Навратилова (66), една од најдобрите тенисерки на сите времиња, ѝ се дијагностицирани рак на грлото и на дојката.

– Ова е сериозен двоен удар по моето здравје, но ситуацијата уште може да се поправи и се надевам на поволен исход. Ќе се борам со сите сили, тоа ми е единствена опција – рече Навратилова, која во 2010 година за прв пат имаше рак на дојка, но тогаш успешно се справи со болеста.






Американката родена во поранешна Чехословачка требаше да работи како стручен консултант на гренслем-турнирот во Австралија, но сега сите активности ѝ се откажани. Ракот е откриен во прв стадиум и прогнозите се добри, а веднаш ќе почне со лекување.

Навратилова е рекордерка со неверојатни 59 гренслем-титули во поединечна конкуренција и во игра на двојки, чии успеси тешко некој некогаш ќе успее да ги надмине.

Поврзани содржини