ЌЕ СЕ БЕРАТ БАДНИКОВИ ГРАНЧИЊА НА ЈУЖНИТЕ ПАДИНИ НА ВОДНО Традиционалниот собир кај Говрлевска Краста се одржува по 31-ви пат

Први бадниково гранче ќе пресечат кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски-јуниор и Иве Стевков, Драган Спасов Дац и Александар Митевски, и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата.

127

Со симболично сечење на бадникови гранчиња во месноста Говрлевска Краста на јужните падини на Водно, денеска точно напладне официјално ќе започне годинашната прослава на Бадник што по 31-ви пат ја организира Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје”.

Први бадниково гранче ќе пресечат кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски-јуниор и Иве Стевков, Драган Спасов Дац и Александар Митевски, и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата.






„Во рамките на традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2023 ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик“, велат организаторите.

Поврзани содржини