ЌЕ САКААТ БУГАРСКИОТ ДА СТАНЕ ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНИЈА Петковски вели дека Бугарите нема да се задоволат само со внесување во Уставот
Не знам што е целта на Бугарија, ама не случајно и албанските партии заговараат промена на Уставот во делот на Рамковниот договор, изјави поранешниот собраниски спикер Тито Петковски.
Можно е Бугарите да ги искористат бугарските пасоши кои ги имаат Македонците за да побараат и бугарскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија, изјави вчера во гостување во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски, според кој нема причина зошто треба Бугарите да се вметнат во Уставот.
– Не знам што е целта на Бугарија, ама не случајно и албанските партии заговараат промена на Уставот во делот на Рамковниот договор. Ако сега е албанскиот јазик, утре може да биде и бугарскиот јазик официјален јазик – изјави Петковски.
Сепак, Петковски нагласи дека тоа е само негова претпоставка и дека нема конкретни сознанија за оваа ситуација.