ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ СО ВУЧИЌ ДА БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР Владејачката партија во Србија размислува за ново сценарио

Партијата СНС ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ за можноста да биде кандидат за премиер на евентуални избори. Актуелната претседеталката на српскиот парламент Ана Брнабиќ велид ека одлуката ќе зависи од внатрепартиските ставови и од глобалната политичка состојба.

110

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави дека раководството на Српската напредна странка ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ за можноста да биде кандидат за премиер. Темата се отвора во пресрет на можни вонредни парламентарни избори.

Изјавата доаѓа по најавите на Вучиќ за разговори во партијата и со други политички актери. Во фокус се подготовките за претстојните избори.






Брнабиќ оцени дека прашањето за дијалог е клучно. Таа посочи дека, според неа, дел од политичките актери формално повикуваат на дијалог, но во пракса го одбиваат.

– Кога зборуваме за недостиг на дијалог, не зборуваме за тоа дека Александар Вучиќ не сака дијалог. Секогаш зборуваме за фактот дека оние кои постојано проповедаат дијалог, всушност го отфрлаат – изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека разговорите ќе бидат најтешки внатре во СНС. Причината е незадоволството кај дел од членството. Според неа, членовите на СНС се уморни од молчењето за двојните стандарди и од лицемерието од Брисел.

Воедно, Брнабиќ истакна дека случувањата во последните 48 часа го поттикнале Вучиќ да иницира поширок општествен дијалог. Централна тема се разговорите за предвремени парламентарни избори.

Премиерката на Србија нагласи дека единствената причина зошто Вучиќ сè уште не распишал избори е глобалната криза. Таа оцени дека ситуацијата во светот е неизвесна.

Поврзани содржини