ЌЕ РАСТАТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ Основната каматна стапка скокна на 1,75 отсто

Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата, во април 2022 година, забрза и достигна годишна стапка од 10,5%, што упатува дека оваа година инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.

305

Како превентивен одговор на нагорните движења кај инфлациските очекувања, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка,Комитетот беше одлучено да се изврши дополнително зголемување на каматната стапка за 0,25 п.п., на нивото од 1,75%. Претходно во април Банката ја зголеми основната каматна стапка на  1,5%,

„При донесувањето на ваквата одлука, беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања. Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка“, соопшти Народната банка.






Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата, во април 2022 година, забрза и достигна годишна стапка од 10,5%, што упатува дека оваа година инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.

„Движењата кај домашната инфлација се во согласност и со глобалната инфлација, вклучително и со инфлацијата во регионот на Централна и Југоисточна Европа, каде што просечната инфлација за април е околу 11%“, велат од централната банка

Според НБ, главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи.

„Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачката“ појаснуваат од Народната банка.

 По анализата на основните макроекономски параметри Комитетот оценува дека има потреба од натамошно затегнување на монетарната политика, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за побарувачката.

„Ризиците за целокупниот макроекономски контекст се поизразени, а се поврзани главно со надворешното окружување. Ефектите од пандемијата сѐ уште постојат, а нарушувањата во синџирите на снабдување и енергетска криза се уште понагласени заради воениот конфликт во Украина. И понатаму има голема неизвесност, особено околу времетраењето и интензитетот на војната во Украина и ефектите од тековните и идните санкции кон Русија. Оттука, неопходни се претпазливи макроекономски политики коишто ќе бидат целни, заради ублажување на ефектите од кризата, но водејќи сметка за инфлациските притисоци“, се наведува во соопштението.

По ова се очекува и реакција на банките кои треба да ги усогласат своите капати со основната камата која ја определува Народната банка.

 

Поврзани содржини