ЌЕ ПУКНЕШЕ ВОЈНА АКО НЕ ЗАМИНЕВМЕ Бајден е презадоволен од мисијата на САД во Авганистан

Бајден ја бранеше одлуката за напуштање на Авганистан, наведувајќи дека САД немаат друг избор освен „да заминат или да дојде до воена ескалација“.

408

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа ја оцени мисијата за евакуација на Американците и сојузниците од Авганистан како извонреден успех.

– Ниту една земја во историјата не постигнала вакво нешто. Извонредниот успех на мисијата се должи на неверојатниот талент, храброст и несебичност на американската војска, нашите дипломати и нашите разузнавачки експерти – рече Бајден во свечениот говор во Белата куќа.






Според него, САД остануваат решени да ги евакуираат Американците кои останаа во Авганистан, чиј број се проценува помеѓу 100 и 200.

Бајден ја бранеше одлуката за напуштање на Авганистан, наведувајќи дека САД немаат друг избор освен „да заминат или да дојде до воена ескалација“.

– Имавме само едноставен избор. Или следете ја обврската на претходната администрација и да го напуштиме Авганистан, или да кажеме дека не заминуваме и да испратиме десетици илјади војници назад во војна – рече тој.

Бајден додаде дека немал намера да ја продолжи „вечната војна“ или да го продолжи „вечното повлекување“ од Авганистан.

Поврзани содржини