ЌЕ ПРЕГОВАРАМ СО РУСИЈА САМО АКО ПУТИН НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ Зеленски со декрет исклучи можност за преговори

Указот ги официјализираше коментарите на Зеленски дадени во петокот, откако рускиот претседател прогласи четири окупирани региони на Украина за дел од Русија, што Киев и Западот го нарекоа нелегитимна фарса.

104

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша указ со кој формално ги прогласува за „невозможни” какви било преговори со лидерот на Кремљ Владимир Путин, но ја остава вратата отворена за преговори со Русија.

Указот ги официјализираше коментарите на Зеленски дадени во петокот, откако рускиот претседател прогласи четири окупирани региони на Украина за дел од Русија, што Киев и Западот го нарекоа нелегитимна фарса.






– Тој (Путин) не знае што е достоинство и чесност. Затоа, ние сме подготвени за дијалог со Русија, но со друг руски претседател – рече Зеленски во петокот.

Украинските сили ја пробија руската одбрана на југот на земјата и ја проширија брзата офанзива на исток, заземајќи територии во областите анектирани од Русија, која ја нападна Украина во февруари.

Поврзани содржини