ЌЕ ПРЕДЛОЖАМ СУШТИНСКИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ Градоначалничката на Скопје најави неколку зафати во главниот град

Конечно по децении постојна потреба, целосна реконструкција на патот кон Кањонот и езерото Матка како една од најатрактивните туристички дестинации во Скопје, која покрај тоа што е заштитена како споменик на природата, изобилува и со голем број културно-историски споменици, вели Арсовска.

1,017

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на Фејсбук најави дека на лична иницијатива ќе предложи неколку крупни инфраструктурни проекти на следната седница на градот. Во објавата таа вели дека Скопје мора рамномерно да се развива. Потсетувајќи дека се реализира програмата „За модерно Скопје“ таа пишува дека на скопјани им требаат нови зелени површини. Најавува дека ќе започне со изградба четвртиот Мега парк во градот, проект, кој „треба да го уреди постојниот девастиран простор покрај Вардар“.

Арсовска вели и дека ќе предложи реконструкција на водоводната и фекална мрежа во Чучер Сандево и санација на улици во Кучевишка Бара и Бел Камен, дека во Момин Поток ќе се вози по реконструирана улица, дека Карпош ќе добие две нови улици поради кружниот тек и клучката кај Момин Поток каде ќе има нов сообраќаен режим.






Планови има и за Матка.

„Конечно по децении постојна потреба, целосна реконструкција на патот кон Кањонот и езерото Матка како една од најатрактивните туристички дестинации во Скопје, која покрај тоа што е заштитена како споменик на природата, изобилува и со голем број културно-историски споменици“, вели Арсовска.

 

 

Поврзани содржини