ЌЕ ПОКАНИМЕ ОПШТЕСТВЕНО АКТИВНИ ЛИКОВИ Мицкоски ќе прави промени во структурата на ВМРО-ДПМНЕ
Од понеделник ќе седнам, сега засега не сум правел детални анализи и профили, но тука не би требало да има некои позначајни изненадувања, истакна Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во интервју во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, истакна дека во следниот период следуваат и промени во структурата на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека е можно проширување во делот на менаџментот на партијата, како и во Извршниот комитет.
– Ќе поканиме општествено активни ликови, секако до нив е дали ќе ни се придружат. И мислам дека тоа би било една фина комбинација којашто може да понуди алтернатива и со којашто би излегле пред граѓаните да ја бараме довербата. Од понеделник ќе седнам, сега засега не сум правел детални анализи и профили, но тука не би требало да има некои позначајни изненадувања. Јас зборувам за составот на ИК и луѓето коишто ќе работат. Можеби ќе има и проширување во делот на врвниот менаџмент на партијата. Можеби ќе има проширувања во делот на ИК на партијата. Така што, еве да не преудицираме да оставиме на времето – рече Мицкоски.