Ќе почекаме на масовното тестирање, сега дневно се земаат помеѓу 200 и 300 бриса

692

Дали и кај нас граѓаните ќе почнат масовно да се тестираат дали се заразени со коронавирусот? се интересираа вечерва новинарите на прес-конференцијата на министерот Филипче.

Тој порача:






– Добро е што бројката на дијагностицирани пациенти останува иста без разлика на тоа што од почетокот досега бројот на тестови се зголемува. Имаме иста бројка на нови пациенти секојдневно за се поголем и поголем број на направени тестови,  а дневно се прават помеѓу 200 и 300 тестови во сите лаборатории – и приватните и државните – рече Филипче.

Министерот најави дека деновиве се вклучила и лабораторијата на Ветеринарниот институт со 30-ина теста, а и во трите приватните институции во секоја поединечно се прават по околу 30 тестови.

Тој оцени дека сега – засега имаме сосем доволен капацитет на тестирање.

Ќе стаса донација од 20.000 тестови деновиве , плус и 5.000 тестови од една од приватните лаборатории која постепено ќе ги донира тестовите, согласно препораките од епидемиолозите.

Филипче потсети за концептот за матичните лекари кои ги имаат  податоците за нивните прикрепени матични пациенти кои се дијагностицирани со коронавирусот, односно се наоѓаат на домашно лекување. Матичниот лекар има обврска да го контактира пациентот два пати во денот и да го известува електронски системот МојТермин, кој електронскиот извештај го праќа во Министерството и на Клиниката за инфективни болести.

 

Поврзани содржини