ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ДО ПЕТОК ДА ПРЕВРНЕ Денеска температурите ќе достигнат 17 степени

Стабилизирање на времето ќе има в петок.

597

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).

Температурите ќе се движат од 2 до 17 степени.






Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно, особено во попладневните часови, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), грмежи и засилен ветер.

Стабилизирање на времето ќе има во петок.

Поврзани содржини