🎥 ЌЕ ПЛАТИ КАЗНА И ЌЕ ГО ИСЧИСТИ КОЛОВОЗОТ Полицијата го пронајде возачот од чиј камион паѓаа камења на патот Куманово – Крива Паланка
На социјалните мрежи денеска беше објавено видео на кое се гледа како од камион кој превезува градежна механизација паѓаат камења и ситни делови од бетон. Камионот се движел на регионалниот пат Куманово - Крива Паланка.
Пронајден е возачот кој денеска го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, изречена му е прекршочна санкција и наложено му е да го исчисти патот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На социјалните мрежи денеска беше објавено видео на кое се гледа како од камион кој превезува градежна механизација паѓаат камења и ситни делови од бетон. Камионот се движел на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка.
„Во врска со објавата на социјалните мрежи, каде се гледа како возач на камион со несоодветно однесување го загрозува движењето на учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово преземени се мерки по што е пронајден возачот С.С. од Куманово. На С.С. му е издаден прекршочен платен налог и му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници“, се наведува во соопштението.