ЌЕ ПЛАЌАМЕ СТРУЈА, АМА КАМАТИ НА КАМАТИ НЕ ПЛАЌАМЕ! Жителите на Слупчане не ги тргаат блокадите за екипите на ЕВН

Претседателот на МЗ Слупчане Шаини рече дека досегашните ветувања дадени на селаните од ЕВН, не биле исполнети, што било дополнителна причина за револт.

261

Жителите на кумановското село Слупчане се подготвени да го платат долгот кон ЕВН, но не сакаат да плаќаат камата на камата – рече претседателот на Mесната заедница – Слупчане Селадин Шаини во изјава за „ТВ Њуз“.

Екипите на ЕВН и натаму не можат да работат на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа затоа што локалните жители ги блокират влезовите на селото и не им дозволуваат да влезат.






Претседателот на МЗ Слупчане Шаини рече дека досегашните ветувања дадени на селаните од ЕВН, не биле исполнети, што било дополнителна причина за револт.

Слупчанци на протестот побара однапред да се направат инвестиции на мрежата, да се намали цената на струјомерите и да им се прости долгот на социјално загрозените семејства.

Тие велат дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови.

Процентот на наплата на потрошената електрична енергија во селото е многу мал, а и масовно се краде струја. Годишно, 80 отсто од потрошената струја се краде, а само третина од 20 отсто од фактурираната електрична енергија се наплаќа.

Поврзани содржини