Во момнентот кога носењето на заштитна маска е обврзувачко ширум светот, во Ејпл се одлучиле на малку необичен потег.
Поради пандемијата на коронавирусот морале да ги затвцорат својте продавници ширум светот, а еден од условоте за нивно повторно отворање сигурно е носењето на заштини маски.
Поради тоа дизајнерите на Ејпл осмислиле заштитна маска во нивен стил. Како што е објавено на ЈуТуб каналот Инбоксинг терапи, Ејпл за својте вработени измислил посебна заштитна маска која може да се пере и да се носи повеќе пати, но и да се фрли по истекот на рокот на употреба.
Во видеото се гледа дека маските се „Дизајнирани во Ејпл, а направени во Кина“ и секоја ктија содржи пет маски кои можат да се носат осум часа и потоа се перат. Маките може да се перат пет пати и потоа се фрлаат и се зеама нова.
Како што е опишано во видеото, во пакетот се наоѓа и ИД број, според кој најверојатно вработените ќе можат да водат евиденција за тоа колку маски кому се издадени и кога ќе треба да набават нови.
За жал во Ејпл не планирале овие маски, кои изгледаат доста издржливи и практични, да ги поштат во малопродажба во својте продавници, барем засега.
Еве како исгледа маската.