ЌЕ ПАЃААТ ЦЕНИТЕ ВО ГРАДСКИТЕ ЦЕНТРИ Населението се сели на периферија поради цените
Трендот на иселување на населението во предградијата е забележан и во Франкфурт, град кој се најде на прво место на глобално ниво од големите урбани центри со највисоки цени за домување и „жежок“ пазар на недвижности.
Цените за домување растат побрзо надвор од големите градови отколку во нив за првпат од почетокот на 1990-те, благодарение на пофлексибилните форми на работа во пандемијата со ковид -19, покажа студија на швајцарската банка УБС објавена денеска.
Се повеќе луѓе се преселуваат во предградија и населението во урбаните центри повеќе не се зголемува, нагласуваат од УБС, укажувајќи на зголемениот број можности за флексибилни форми на работа, но и на пандемијата.
– Животот во градот по заклучувањето веќе не е толку привлечен – заклучуваат тие.
Според изтражувањето, трендот на иселување на населението во предградијата е забележан и во Франкфурт, град кој се најде на прво место на глобално ниво од големите урбани центри со највисоки цени за домување и „жежок“ пазар на недвижности.
– Цените за домување во Ванкувер, Париз, Амстердам, Стокхолм и Цирих се исто така се превисоки – велат истражувачите.
Реални цени бараат сопствениците на станови и куќи во Мадрид, Милано и Варшава. Франкфурт, Хонг Конг и Торонто и наскоро би можеле да забележат корекција на цената, предупредува УБС, наведувајќи го нивното движење во периодот од средината на минатата до средината на оваа година.
– Во Франкфурт цените на станбените недвижности се зголемија за 10 отсто во реални услови од 2016 година, а наемнините растат речиси три проценти годишно, благодарение на поволните заеми – велат од УБС.