ЌЕ ОСТАНЕ ГОЛЕМА ПУКНАТИНА Заминувањето на Ангела Меркел ги плаши Германците (ВИДЕО)

Германците се плашат дека по заминувањето на Меркел ќе има празнина во домашната политика и се сомневаат дека ниту еден од тројцата кандидати за канцелар не може да ја пополни таа празнина.

617

На парламентарните избори на 26 септември, Германците ќе се збогуваат со Ангела Меркел, чие владеење траеше цели 16 години.

Уредничката на Би-Би-Си Европа, Катја Адлер, ја следи Ангела Меркел од доаѓањето на власт, а таа сега обиколила неколку градови во Германија, за да открие што ќе им недостасува на луѓето по заминувањето на Ангела Меркел, но исто така, ги прашала за грешките во нејзината работа.






Во Дизелдорф, таа посетила семејство чии три генерации ја поддржуваат Меркел. Причините зошто ја поддржуваат се дека им дала чувство на сигурност, дека им покажала на девојките дека жената може да биде лидер и затоа што добро се снаоѓала во кризите – финансиски, мигрантски и оваа сега, која беше предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Германците се плашат дека по заминувањето на Меркел ќе има празнина во домашната политика и се сомневаат дека ниту еден од тројцата кандидати за канцелар не може да ја пополни таа празнина.

Новинарката Адлер посочи дека има многу Германци на кои им е навистина тешко да предвидат како ќе изгледа внатрешната политика по парламентарните избори на 26 септември. Една цела генерација не умее да предложи која било друга личност за канцелар, освен Меркел.

Во продолжение погледнете го видеото, кое го објави српското Би-Би-Си.

Поврзани содржини