ЌЕ НОСИ ПОВЕЌЕ И ПОТЕШКО ВООРУЖЕНИ ЛОВЦИ Кина го пушти во употреба третиот носач на авиони
Новиот носач на авиони има рамна палуба и електромагнетни катапулти за разлика од другите два, кои се помали и користат рампи за лансирање авиони.
Претседателот на Кина, Си Џинпинг присуствуваше на церемонијата на пуштање во употреба на првиот носач на авиони Фуџијан, во јужната кинеска покраина Хајнан.
Фуџијан ќе може да носи многу повеќе и многу потешко вооружени авиони ловци од носачите Лјаонинг и Шандонг. Новиот носач на авиони има рамна палуба и електромагнетни катапулти за разлика од другите два, кои се помали и користат рампи за лансирање авиони.
Пред церемонијата за Фуџијан, кинеската морнарица претстави нова верзија на авионот ловец Шенјанг Ј-35, дизајниран за носачи на авиони, како и извидувачкиот авион Ксијанг КЈ-600 и нова модификација на ловецот Шенјанг Ј-15.