📽️ ЌЕ НОСАМ КОСТУМ КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ВОЈНАТА Зеленски ги предизвика новинарите со неформалната облека во Белата куќа

Прашањето дојде при крајот на нервозниот состанок меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствуваше и потпретседателот на САД Џеј Ди Венс.

4,354

„Ќе носам костум откако ќе заврши војната. Можеби како вашиот или нешто поевтино“.

Вака му одговори украинскиот претседател на новинар во Овалната соба кој го запраша зошто не носи костум кога е највисока инстанца во неговата земја и дали воопшто поседува костум.






Прашањето дојде при крајот на нервозниот состанок меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствуваше и потпретседателот на САД Џеј Ди Венс.

Во Зеленски љубопитно стоејќи со новинарите гледаа и Мајк Волц, државниот советник за национална безбедност и Кит Келог, специјалниот пратеник на Трамп за Украина кој неодамна го посети Киев.

Зеленски предвреме го напушти состанокот, но по состанокот на социјалната мрежа Икс напиша дека е благодарен кон САД и дека на Украина ѝ е потребен праведен мир.

Трамп напиша дека „Зеленски може да наврати кога ќе биде спремен за мир“.

Поврзани содржини