ЌЕ НИКНЕ ПАРК НА МЕСТОТО НА ДЕПОНИЈАТА Градоначалникот на Ѓорче Петров најави нов проект во Ново Село

Планираме да засадиме дрвца и да обезбедиме услови за спортско-рекреативен живот. Целта е да го заживееме просторот и од депонија да го претвориме во место за социјализација на локалното население, рече градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

428

Нов парк со содржини за рекреација ќе никне на местото на дивата депонија во скопско Ново Село, која деновиве беше исчистена од ѓубрето, изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, за Утрински брифинг.

– Планираме да засадиме дрвца и да обезбедиме услови за спортско-рекреативен живот. Целта е да го заживееме просторот и од депонија да го претвориме во место за социјализација на локалното население, рече Стојкоски.






Површината на сметиштето е околу 6.6 хектари, дел од ѓубрето се пренесува во Дрисла, додека чистата земја се користи за да се порамни површината.

– Ќе има засилени инспекциски контроли од страна на инспекциските служби и комуналните редари. Ќе бидеме многу ригорозни во делот на санкционирање за сите кои ќе се обидат повторно да депонираат смет од различен карактер. Ќе бидат поставени и надзорни камери, а апелирам и до локалното население да ни помогне при детектирање на сторителите, со видео и фото материјали, по што ние ќе постапиме во координација со полициската станица Ѓорче Петров – изјави Стојкоски.

Поврзани содржини