„ЌЕ НЕМАШЕ ВОЈНА АКО ТРАМП НЕ ГО ОГРАБИЈА НА ИЗБОРИТЕ“ Путин е подготвен за разговори со американскиот претседател

Имав прагматичен однос со Трамп, сличен на деловен однос, рече рускиот претседател Владимир Путин.

896

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија никогаш не одбила да комуницира со американската администрација, додавајќи дека Москва е подготвена да води преговори со Украина и да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.

– Имав прагматичен однос со Трамп, сличен на деловен однос – рече Путин.






Тој додаде дека кризата во Украина ќе можеше да се избегне доколку Трамп не беше „украден на изборите“.

Претседателот на Русија рече дека сè уште има проблеми, како законската забрана во Украина да се покренуваат преговори, додавајќи дека Киев не брза да ја укине таа забрана.

Трамп, исто така, изрази подготвеност за разговори со Путин во врска со завршување на војната во Украина.

Поврзани содржини