ЌЕ НЕМА ВЕЌЕ ЧУВАЊЕ ПРЕДМЕТИ ВО ФИОКИ Андоновски предлага Обвинителството да воведе електронско архивирање

Ние имаме Национален документ менаџмент систем со електронска архива и кога ќе внесете предмет во архива, таа автоматски му доделува број и никој веќе не може да го изгуби тој предмет, да го заборави, да биде во фиока, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

132

Придобивките од Националниот систем за управување со документи (еДМС) се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и за борбата против корупцијата, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

– Ние имаме Национален документ менаџмент систем со електронска архива, кој што автоматски кога ќе внесете предмет во архива, таа му доделува број и никој веќе не може да го изгуби тој предмет, не може тој предмет да се заборави, да биде во фиока. Точно се знае кога ќе влезе предметот во институцијата, каде е распределен, кој е одговорен за него и колку време стои во определена фаза на постапката. Многу е едноставен продуктот којшто го имаме. Јас кога дојдов во институцијата еДМС го користеа околу 20 институции, денес веќе активно имаме 45. Во тие 20 институции бројот на предмети е пораснат на околу 60.000, што значи скоро е триплирана фреквенцијата. И ако сме имале 0,1 или 0,2 нови институции месечно приклучени, денес имаме во просек 4 нови институции месечно – истакна Андоновски во гостување на Алфа.






Министерот дополни дека со овој чекор повеќе нема да има предмети чувани по фиоки или заборавани од страна на државните органи.

 

– Мојот предлог е и Јавното обвинителство да го преземе овој наш систем и целата документација електронски да ја архивираме, за секој нов предмет кога ќе пристигне во ЈО, како кривична пријава или преставка од граѓани, тој веднаш да биде електронски заведен. Тогаш веќе нема да може определни обвинители да заборават предмети, да ги изгубат, а раководителите во обвинителството ќе може да ги следат тие предмети. На тој начин бришеме уште една можност за корупција – дециден е Андоновски.

Тој потенцираше дека со овој систем се зголемува и комуникацијата на институциите меѓусебно, но и дека предметите нема да патуваат со денови, туку за секунди.

 

 

Поврзани содржини