ЌЕ НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТРАРНИ ИЗБОРИ Владината коалиција е едногласна за тоа, вели Меџити

Имаме пред нас скоро 3 години од мандатот со утврдена програма, проекти и ветувања пред граѓаните. Интензивно работиме на нивна реализација. Владината коалиција едногласно е на став дека нема потреба од предвремни избори, зашто тие се непотребни трошоци за граѓаните, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.

193

Владината коалиција е едногласно на став дека нема потреба од предвремни избори, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.

Тој додаде дека ДУИ нема морално право да критикува и особено да зборува за евроинтеграцискиот процес, зашто кога беше на власт имаше шанса, но не направи ништо во тој правец.






– Имаме пред нас скоро 3 години од мандатот со утврдена програма, проекти и ветувања пред граѓаните. Интензивно работиме на нивна реализација. Владината коалиција едногласно е на став дека нема потреба од предвремни избори, зашто тие се непотребни трошоци за граѓаните. ДУИ имаше шанси последните 8 години кога раководеше и со МНР, но ни милиметар не ги раздвижи работите во правец на европска интеграција. Затоа нема морално право да критикува или да зборува на оваа тема – рече Меџити.

Владата, додаде тој, останува посветена и еден од највисоките приоритети е токму европската интеграција, подвлече Меџити, одговорајќи на новинарски прашања по промотивниот настан на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за скопски градоначалник.

Поврзани содржини