🎥 ЌЕ НЕМА НОВИ ЗГРАДИ ВО КОМПЛЕКСОТ К4 ВО КУМАНОВО Ќе отворам нови градежни зони, центарот нема да се прентарупува, вели Димитриевски

Ве повикувам во недела да излезете масовно и да ми дадете поддршка на престојните избори, бидејќи токму јас сум тој којшто заедно со вас се грижи Куманово да продолжи да се развива и да се менува, повика кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

202

Целосна реконструкција и уредување на просторот кај комплексот згради К4, во близина на Економското училиште најави кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

– По примерот на дворот на Економско училиште планираме реконструкција на целиов простор и сите зелени површини во овој комплекс на згради. Дополнително проширување на паркиралиште, воведување на втора паркинг зона со одбележување на сите места за паркирање, што ќе бидат бесплатни за сите резиденти жители на оваа локација – изјави Димитриевски.






Тој истакна дека шпекулациите за изградба на нови објекти на овој простор се неточни и дека нема да дозволи дополнително пренатрупување со станбени згради во централното градско подрачје.

– Сакам да ве информирам дека сите шпекулации поврзани со наводни градби на нови објекти и нови станбени згради на овој простор се веќе запрени и ќе бидат запрени. Токму јас, Максим Димитриевски, се борам против урбаниот градежен хаос којшто со децении трае во Куманово и никогаш во рамките на мојот мандат нема да дозволам пренатрупување на станбени згради, особено во централно градско подрачје – порача Димитриевски.

Тој додаде дека градот ќе отвора нови градежни зони каде инвеститорите ќе можат да вложуваат во изградба на станбено-деловни комплекси, со цел рамномерен и уреден урбан развој.

Од граѓаните, за таа цел, побара поддршка во вториот круг од локалните избори на 2 ноември.

– Ве повикувам во недела да излезете масовно и да ми дадете поддршка на престојните избори, бидејќи токму јас сум тој којшто заедно со вас се грижи Куманово да продолжи да се развива и да се менува – рече Димитриевски.

Поврзани содржини