ЌЕ НЕМА КАМПОВИ, ПРИФАТНИ ЦЕНТРИ, СМЕСТУВАЊЕ ИЛИ НАСЕЛУВАЊЕ МИГРАНТИ Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја расчистува маглата на СДСМ

Со Резолуцијата се утврдува дека ниту било побарано, ниту е договорено, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови, прифатни центри или трајни форми на сместување мигранти на територијата на општините во државата и дека такви активности не се и нема да бидат дел од владините политики, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

218

ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднесе резолуција до Собранието за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, соопшти партијата.

„Поради ширењето страв и паника кај населението од страна на СДСМ и грубата политичка пропаганда од страна на опозицијата, со конструкции, лаги и измислици во однос на измислената тема од страна на СДСМ за мигрантите, ВМРО-ДПМНЕ поднесе Резолуција со која се осудува лажната кампања и манипулативното дејствување на опозициските политички партии за наводно постоење договори, политики или активности поврзани со прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови. Со Резолуцијата се утврдува дека ниту било побарано, ниту е договорено, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови, прифатни центри или трајни форми на сместување мигранти на територијата на општините во државата и дека такви активности не се и нема да бидат дел од владините политики“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Со Резолуцијата, се додава во соопштението, се отфрлаат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада на Зоран Заев, поврзани со создавање кампови за прием и нега на мигранти, кои беа спротивни на националните и државните интереси и ја изложуваа државата на безбедносни и општествени ризици.

„Воедно се повикуваат сите политички субјекти и јавните чинители на одговорност во јавниот говор, почитување на фактите и воздржување од ширење лаги и манипулации кои можат да предизвикаат општествени тензии и да го нарушат јавниот ред и мир. Со Резолуцијата се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови и се воспоставува јасна, недвосмислена и непроменлива државна политика против нелегалната миграција“, се вели во соопштението.

Со оваа резолуција, се додава, се потврдува дека Владата и Собранието никогаш нема да дозволат да се преговара за мигранти.

Поврзани содржини