ЌЕ НÈ ОГРЕЕ СОНЦЕ Какво време нè очекува во следните три дена?

Во недела во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР.

816

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираше УХМР.

„Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст, освен по котлините каде ќе има услови за појава на магла“, информираше УХМР.






Прогноза за 09.12.2023

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер.

Прогноза за 10.12.2023

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег.

Прогноза за 11.12.2023

Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Поврзани содржини