ЌЕ НАПРЕДУВАМЕ, НО СИГУРНО НЕ КОН МОСКВА Зеленски говореше на плоштадот во Херсон (ВИДЕО)

На прашањето каде следно може да напредува војската, Зеленски рече дека „тоа сигурно не е Москва“, додавајќи дека Украина не е заинтересирана за туѓа територија.

1,376

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети центарот на Херсон денови откако бо градот влегоа украинските војници. Пред насобраните луѓе со украински знамиња тој рече дека Украина „се движи напред“ и дека е „подготвена за мир, мир за целата земја“. На прашањето каде следно може да напредува војската, тој рече дека „тоа сигурно не е Москва“, додавајќи дека Украина не е заинтересирана за туѓа територија.






Зеленски, меѓу другото рече дека Русите во Херсон извршиле злосторства слични како во другите градови од земјата.

– Пронајдени се тела на убиени цивили и војници. Во регионот Херсон, руската армија зад себе ги остави истите ѕверства како и во другите региони на нашата земја, каде што можеше да влезе – рече Зеленски и вети дека „секој убиец ќе биде пронајден и изведен пред лицето на правдата“.

Поврзани содржини