ЌЕ НАПРАВИМЕ СЕ НАШ УНИВЕРЗИТЕТ ДА ИМА МЕЃУ 1.000 НА ШАНГАЈСКАТА ЛИСТА Мицкоски вети дека ќе ги има сите учебници за основно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави повисоки плати за професорите кои ќе објавуваат научни трудови со импакт фактор.

469

Многумина добиваат звање редовен професор и до пензија забораваат да напишат труд. И ние сакаме во една таква ситуација да имаме универзитет на Шангајската листа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина” на тема „Нов концепт за развој на образованието”.

– За да се биде на Шангајската листа има два столба. Едниот столб е обврска на државата и со тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ  треба да се позанимава сериозно. Тоа значи државата да обезбеди околина, услови за научно функционирање, опрема и слично. Тоа е дел и обврска на државата, но обврската за наставниот кадар е да објавуваат трудови индексирани со висок фактор на влијание.  Нашиот највисок рангиран е Универзитетот Кирил и Методиј и тој е нешто под двеилјадитото место и ние сакаме да имаме наука, тоа не е можно. Наука не може во вакви услови – рече Мицкоски.






Оттука рече претседателот Мицкоски, одлучивме да предложиме повисоки плати за сите наставници кои ќе имаат трудови со импакт фактор.

– Сега се префрлам на основците. Сето ова е залудно, ако основците на време не добијат книги. А немаат книги и тоа ни се случува не затоа што се натпреваруваат концепти, туку се натпреваруваат  кој поголема провизија да земе, па една партија има една омилена печатница, друга има друга печатница. На крај од ова учениците се тие кои се негативно изненадени и немаат книги – рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека новата влада која би се формирала некаде втора половина на јуни месец ќе гледа да направи се сите ученици да имаат книги.

-Учебната година стaртува на први септември и информациите велат дека власта знаат дека ќе биде поразена и се обидуваат да остават тотален хаос. Но, ние ќе дадеме се од себе тоа да не се случи, како што и во техничката влада даваме се од себе да се среди хаосот кој го оставија со личните документи – заклучи Мицкоски.

Тој рече дека е потребно и мотивација на наставно образованиот кадар.

-Потребно е да се поработи и на мотивација на наставно образованиот кадар. Како ќе се мотивираме? Ќе се мотивираме како што се мотивираат во најголем дел од случаите, многу помалку луѓето денеска се мотивираат на поинаков начин освен материјално и финансиски. ние се обидовме во нашата програма да најдеме еден вид синергија помеѓу науката и финансиското мотивирање. И што направивме? Дадовме предлог во кој што секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, а тоа списание е дел од индексираната база „Томсон Ројтерс” позната во науката како „web of science” тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата- појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече и дека ако за наставното образовно лице одвојува државата за неговата месечна плата нето 60.000 денари, а тој во претходната година објавил труд во списание на влијание, тогаш следната година 12 месеци државата ќе одвојува 90.000 денари за тоа образовно лице секој месец. Секој кој што ќе се занимава со наука ќе биде награден.

Поврзани содржини