ЌЕ НАПРАВАМ СÈ ЗА ДА ГО СПРЕЧАМ ТОА Хрватски војници нема да војуваат во Украина, вели Милановиќ
Направив сè и ќе направам сè во иднина за да спречам каква било вмешаност на хрватските војници во војната во Украина на кој било начин, вклучително и учество во центри за обука, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска не смее директно да се вклучи во конфликтот меѓу Русија и Украина, но дека сепак може да му обезбеди на Киев хуманитарна помош и воена опрема.
– Направив сè и ќе направам сè во иднина за да спречам каква било вмешаност на хрватските војници во војната во Украина на кој било начин, вклучително и учество во центри за обука. Дали некој ќе ѝ даде воена опрема на украинската армија, тоа не е моја надлежност и нема да се мешам во тоа – рече Милановиќ, а пренесе порталот Индекс.хр.
Претходно, хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ најави дека земјата следната година ќе одвои 66,6 милиони евра за помош за Украина.