ЌЕ НАПРАВАМ ПОГОЛЕМ МАСАКР ОД ТОЈ ВО РИБНИКАР Насилник ја претепал мајка си, па се заканувал дека ќе го повтори злосторството на Коста К.

Б.П. првин ја претепал мајка си, по што побегнал од дома и ѝ пратил порака дека ќе „направи поголем масакр одошто во Рибникар“, за што жената веднаш ја известила полицијата.

681

Српската полиција утрово уапси 35-годишен насилник кој се заканувал со масакр, пренесува српски Телеграф.

Б.П. првин ја претепал мајка си, по што побегнал од дома и ѝ пратил порака дека ќе „направи поголем масакр одошто во Рибникар“, за што жената веднаш ја известила полицијата.






Жената и претходно го пријавувала синот. Еднаш завршила со скршена рака, но потоа ја повлекла тужбата. Во неговата куќа во Земун не е пронајдено оружје.

Мажот е предаден на Третото основно обвинителство во Белград.

Лани на 3 мај се случи масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде момче уби 8 соученици и еден вработен во училиштето.

Поврзани содржини