ЌЕ НАПЛАЌАМЕ И ВОЗДУХ АКО САКАМЕ! Хрватите во ценовникот ставиле и „место за пешкир“ на плажа

Ако луѓето сакаат нешто поудобно, како што се лежалки или балдахини, тогаш цената на плажата Водице на хрватското приморје е 10 или дури 43 евра.

3,282

Последниве години, а особено ова лето, многу туристи се разочарани од превисоките цени на плажите, на бројните популарни одморалишта на јадранскиот, јонскиот и на егејскиот брег.

Освен Грција, во ова води и Хрватска, па цените на лежалките и чадорите ги надминаа сите реални очекувања.






Една плажа во Хрватска, поточно бар на плажа во Водице, шокираше со објавата дека наплаќа дури и места за пешкири на плажа.
Оваа информација се појави на фејсбук групата Апартмани ВОДИЦЕ- ТРИБУЊ-СРИМА, каде револтирани граѓани реагираа на необичен ценовник, на кој меѓу другото пишува дека за „место за пешкир“ на плажа се наплаќа 4 евра.

Ако луѓето сакаат нешто поудобно, како што се лежалки или балдахини, тогаш цената е 10 или дури 43 евра.

Порталот Morski.hr стапил во контакт со оваа плажа, а одговорот што го добиле бил дека не е плажа туку приватен имот на 10 метри над самата плажа и дека како сопственици и концесионери таму може „да наплаќаат и воздух ако сакаат“.

Поврзани содржини