Џејн Фонда проговори за својот „најпотресителен“ бакнеж во животот 

616

Американската филмска легенда Џејн Фонда во синоќешното гостување преку видеоврска во „Шоуто на Џими Фелон“, проговоре за својот „најпотресителен“ бакнеж во животот и во кариерата.

Имено, таа во својата 60-годишна кариера и 59 филмски и ТВ-проекти, се бакнала со повеќе свои колеги, како на пример, со Роберт Редфорд во неколку филмови. Сепак, како највпечатлив, таа го помни бакнежот со глумецот Џејмс Франсискус.






– Тој ме однесе до крајот на една платформа и ме бакна… Ѕвездите почнаа да врткаат, а столбот почна да се тресе. Колената ми попуштија и паднав пред неговите нозе – раскажува Фонда.

Во својата автобиографија, таа пишува дека на 18 години ја изгубила и невиноста со тоа момче кое било три години постаро од неа.

Следниот филм каде што Џејн Фонда ќе глуми, е цртаната комедија „Среќа” (Luck), со прикажување закажано за следната 2022 година.

Поврзани содржини