Легендарната актерка Џејн Фонда (82) се откажува од шопинг со цел да ја спаси планетата.
Актерката призна дека сè уште користи облека што ѝ била во гардероберот пред 30 години, и не сака да фрла совршено добри парчиња бидејќи се грижи дека тоа може да има негативно влијание врз животната средина.
– Не мора да трошиме толку многу. Ние мора да бидеме задоволни со помалку. Се обидувам повеќе да не купувам ништо ново, нова облека. Јас сè уште го носам она што го носев пред 30 години и имам многу облека, така што ми е лесно – рекла таа во разговорот со магазинот „Интервју“.