Џејмс О` Брајан, помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања го честиташе изборот на првата жена претседател на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, во соопштение на социјалната мрежа Х.
„Честитки до Гордана Сиљановска Давкова, досега првата избрана жена за претседател на Северна Македонија. Како сојузници, партнери и пријатели со Северна Македонија со нетрпение очекуваме да работиме на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција“, напиша О` Брајан.
Сиљановска Давкова победи во вториот круг на претседателските избори што се одржаа на 8 мај. Истовремено, на парламентарните избори партијата ВМРО-ДПМНЕ освои 58 места во парламентот.
Победата претходно ја честиташе и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер.