По пријавите на две актерки, во кои се наведува дека актерот Џејмс Франко сексуално ги вознемирувал во училиштето „Плејхаус вест студио 4“, е постигната привремена спогодба, наведува „Гардијан“ .
На суд се тврдело дека Франко ги заплашувал студентите од училиштето за глума и филм.
Двете страни поднеле заеднички извештај до повисокиот суд во Лос Анџелес, велејќи му на судијата дека е постигната спогодба во колективната тужба којашто ја покренаа поранешни ученици од сега веќе затвореното училиште.
Актерките и поранешни студентки Сара Каплан и Тони Гал поднесоа тужба во 2019 година, а сега се согласија да се откажат од своите индивидуални барања.
Во нивната тужба стои дека Франко ги принудувал студентите да изведуваат сè поексплицитни сексуални сцени пред камерите во, како што ја нарекоа, „оргиската средина“, што е далеку над она што беше прифатливо за холивудските филмски сетови.
Се тврди дека Франко ги подложувал младите актерки на своја лична и професионална сексуална експлоатација во име на образованието.
По обвинувањата на актерките, Франко веднаш ги негираше сите наводи.