Ејми Вајнхаус си доби документарец
Семејството и пријателите во соработка со Би-Би-Си, на 10 годишнината од нејзината смрт ќе го објават документарниот филм за животот на Вајнхаус. Во филмот се прикажани материјали кои никој до сега ги нема видено, а нејзините најблиски говорат за неа.
По точно 10 години од смртта на легендарната поп-пејачка Ејми Вајнхаус, семејството и пријателите, во соработка со Би-Би-Си снимија биографски документарец кој ќе се прикаже денеска, на годишнината од нејзината смрт.
Една од најдобрите вокали на 21 век, Ејми Вајнхаус, почина на 23 јули 2011 година, нејзината публика за последен пат можеше да ја види на концертот кој беше одржан во Србија на Калемегдан.
На концертот таа се појавила под дејство на алкохол, до степен каде што едвај можела да пее, а концертот го започнала со зборовите „Добровечер Атина“ што ја разочарало публиката. По еден месец, таа беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон.
Ејми Вајнхаус беше првата британска пејачка која освои пет Греми награди за албумот „Back to Black“, а со тоа стана и првата Британка која освоила толку многу награди. Албумот стана светски хит, а песната „Rehab“ стигна до 9 позиција на американската листа на поп-синглови.
Семејството и пријателите во соработка со Би-Би-Си, на 10 годишнината од нејзината смрт ќе го објават документарниот филм за животот на Вајнхаус. Во филмот се прикажани материјали кои никој до сега ги нема видено, а нејзините најблиски говорат за неа.
– Ништо не би напишала доколку тоа не беше важно за мене во приватниот живот, бидејќи во спротивно не би можела да ја раскажам вистинската приказна. Јас не сум девојка која се обидува да биде ѕвезда, ниту било што друго освен музичарка – вели Ејми во краткиот извадок од филмот „Amy Winehouse Documentary“.