Џејми Ли Кертис се пофали дека 22 години е трезна

731

Легендарната американска актерка Џејми Ли Кертис (62) вели дека десетина години успевала да ја крие својата зависност од опијати од сите што ги сака, сè додека еден ден не решила да ѝ признае сè на својата сестра.

Џејми Ли вели дека е трезна веќе 20 години, а дека нејзината зависност од лекови, а потоа и од дрога и алкохол започнала кон крајот на осумдесеттите години. Нејзината сестра Кели ја посетила летото 1998 година и донела лекови за болки поради повредата на реброто.






А, во средата Џејми Ли Кертис одбележа пресвртница во своето патување кон трезвеност подавајќи им рака на оние што се борат со зависност.

Актерката сподели искрена порака на Инстаграм, во која прославува дека е трезна веќе 22 години и им порача на сите што се борат со зависност: „Мојата рака во твојата“.

Џејми Ли е ќерка на легендарните холивудски актери Џенет Ли и Тони Кертис.

Поврзани содржини