ЌЕ МЕ ПОМНАТ ПО ПРВАТА ПОДЗЕМНА СООБРАЌАЈНИЦА Шукова може да биде директорка на „Комунална“, Марковски ќе го поканам во тимот, вели Ѓоргиевски
Јас еден ден нема да бидам политичар. Треба да оставиме нешто по кое што ќе нè паметат. Мене во овој дел од Скопје помеѓу Кисела Вода и Центар ќе ме паметат по Лимак, вели кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Во мојот мандат ќе се реализира првата подземна сообраќајница во Скопје, вели кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
– Првата јавна набавка која што ќе биде распишана, а е поврзана со големи проекти е Лимак, има неколку фази, два кружни тека имаме кон Кисела Вода и еден е елипсоиден кружен тек од страната кај „Нова Македонија“. Веднаш штом ќе влезам во Град Скопје ќе бидат отпочнати процеси за распишување на тендерска постапка за реализација на Лимак – рече Ѓорѓиевски во гостување на ТВ21.
Тој додава дека бил во посета на оваа сообраќајница и тоа што е направено под објектите на Лимак, како што кажа, е навистина за секоја чест.
– Тоа е нешто несвојствено за државата, затоа ми е сериозен предизвик. Јас ќе бидам првиот кој ќе ја изгради првата подземна сообраќајница во Градот Скопје, а тоа е Лимак и таму тоа што е изградено од сопствениците на Лимак е пресериозна работа, дури и несвојствено за Скопје. Останато е да се доасфалтира. Има 8 ленти, по три од страните има за двосмерен сообраќај на автомобилите, и во средината уште две има за автобуси, и тротоари дополнително – рече Ѓорѓиевски.
Тој кажа дека овој проект ќе биде нешто по што ќе го паметат во градот.
– Јас еден ден нема да бидам политичар. Треба да оставиме нешто по кое што ќе нè паметат. Мене во овој дел од Скопје помеѓу Кисела Вода и Центар ќе ме паметат по Лимак. Јас ќе бидам човекот што ќе ја изгради првата подземна сообраќајница. Верувам дека до втората половина од мојот мандат ќе биден ставена во функција, имајќи предвид дека детално беа прегледани проектите од мојот тим – вели Ѓорѓиевски.
Во врска со бараките во кои е сместена градската администрација, Ѓорѓиевски вели дека мора да се иселат бидејќи условите се супстандардни за вработените.
– Јас сакам и морам да имам ефикасна администрација. Што се однесува до Градот Скопје и просторните услови таму, веќе разговаравме со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и со директорот на СОЗР Ивица Томовски, разгледуваме две опции што ќе можеме да ги прмениме откако би ја преземал власта во Градот Скопје. Не можам подетално да одоговорам денеска, но дека ќе создадеме подобри просторни услови и за странките, но и за вработените, ќе создадеме. Конечно бараките ќе се дислоцираат од Градскиот парк – рече Ѓорѓиевски посочувајќи дека таму нема да се градат ни згради, ниту хотели.
За останатите кандидати кои се во трката за градоначалници на Скопје, вели дека секоја нивна идеја која ќе придонесе за поквалитетен живот ќе биде земена предвид и применета.
– Горан Марковски ќе биде вклучен после изборите како дел од моите советници доколку би прифатил таква работа да помогне во однос на сите овие проекти кои што треба да ги реализираме. Каја Шукова, мислам самата се понуди за директор на „Комунална хигиена“. Може ќе спроведеме постапка – интервју. Ако се покаже дека е најдобар кандидат можеби ќе биде поставена за директор… Така што, апсолутно јас сум растоварен од тоа кој од каде доаѓа – истакна Ѓорѓиевски.