ЌЕ МЕ ГЛЕДАТЕ УШТЕ НАЈМАЛКУ ПЕТПАТИ Беким Сали планира уште некое време да министерува

Ова не ми е последен јавен настап, затоа што оваа недела ќе ги промовираме сите центри што добија соработка со Светската банка, така што најмалку уште петпати ќе се гледаме, а за понатаму ќе видиме, порача актуелниот министер за здравство Беким Сали.

337

По една година на чело на Министерството за здравство, Беким Сали сега е на чекор да ја предаде функцијата на кадар од Алијансата за Албанците.

Тој денеска имаше презентација на опрема во тетовската болница, па на новинарите им посочи дека не го гледаат последен пат.






– Ова не ми е последен јавен настап, затоа што оваа недела ќе ги промовираме сите центри што добија соработка со Светската банка, така што најмалку уште петпати ќе се гледаме, а за понатаму ќе видиме. И 10 години да сте министер, никогаш нема да стигнете до крајот за да ги решите проблемите во здравството, многу е важно она што ќе го кажете во јавноста и да го исполните – рече министерот Сали.

Во тек се преговорите на владејачкиот СДСМ со Алијансата за Албанците, од каде што неофицијално се бара овој ресор за партијата да даде поддршка на владините политики.

Поврзани содржини