Џеј Ло заплака од среќа по победата на Бајден (ВИДЕО)

Утрово сум многу среќна. Звуците на сите што велат дека одиме кон подобри денови и дека имаме пообединета земја одекнуваат - изјави пејачката

1,000

На претседателските избори во САД победи Џо Бајден и стана 46 претседател. Ова предизвика воодушевување кај поп-дивата Џенифер Лопез.

– Утрово сум многу среќна. Звуците на сите што велат дека одиме кон подобри денови и дека имаме пообединета земја одекнуваат – изјави пејачката и продолжи:

 






– Плачам. Солзи радосници. Се надевам дека сите можеме заедно да се сакаме и цениме. Тоа е нов ден. И се надевам дека е време да ги залечиме длабоките рани и да се обединиме. Ние сме САД, најголемата земја на оваа планета. Историјата е создадена за сите мали девојчиња … Прекрасно е, убав ден е. Бог да ги благослови сите – рече Џеј Ло.

Поврзани содржини