Џеј Ло полуде: Поранешниот свршеник го слави роденденот до нејзината јахта од 130 милиони долари (ФОТО)

3,520

Алекс Родригез беше фотографиран како се приближува кон суперјахтата на неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез во Сен Тропе во понеделникот. И тоа во друштво на згодна русокоса на џет-ски околу изнајмената луксузна јахта на пејачката од 130 милиони долари.

Поранешниот свршеник на Лопез, кој пред два дена наполни 46 години, се возеше со водителката на НФЛ во бикини, Мелани Колинс, како и со ѕвездата на НФЛ, Ерик Декер и неговата сопруга, пејачката Џеси Џејмс Декер.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Rodriguez (@arod)

Сите во друштво на Родригез беа близу до местото каде што претходно беше снимена Џеј Ло во страсен занес, со ново-старата љубов Бен Афлек.

Излегувајќи на море еден ден воочи неговиот роденден, спортската sвезда беше видена како  задоволно се смее со својата русокоса придружничка Мелани (35), додека Џенифер Лопез (52) и Бен (48) не беа наоколу, пишува „Дејли мејл“, Меѓутоа, фотографиите од очигледно среќниот Родригез и неговата забава го обиколија светот.

Бен и Џенифер подоцна беа видени како пристигнуваат на Капри, Италија во вторникот.

Некои извори сугерираат дека тие се „само пријатели“, иако се чини јасно дека уживале меѓусебно во друштво за прославата на неговиот роденден.

Родригез го прослави својот роденден на изнајмената јахта „Океан рај“, која има атрактивна цена од 27 милиони евра и може да прими најмногу 12 гости и уште 12 членови на екипажот.

Медиумите и обожавателите ширум светот се занимаваат со интересниот склоп на околности помеѓу поранешните свршници – Џеј Ло и Алекс Родригез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Rodriguez (@arod)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини