ЏЕЈ ЛО И БЕН АФЛЕК СЕ СВРШИЈА ПО ВТОРПАТ 18 години по откажувањето на нивната венчавка (ФОТО+ВИДЕО)

Во странските медиуми во саботата се појавија наводи за нивната свршувачка, а сега познатата пејачка ја официјализираше.

1,098

Латино дивата Џенифер Лопез објави дека се свршила со Бен Афлек, 18 години откако парот првично ја откажа венчавката.

Во странските медиуми во саботата се појавија наводи за нивната свршувачка, а сега познатата пејачка ја официјализираше.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by @enterweekoficialmx


Имено, пејачката и актерка веста ја откри на својот блог OnTheJLo каде сподели видео на кое плаче додека се восхитува на свршеничкиот прстен со огромен зелен дијамант.

Видеото започнува со крупен кадар на прстенот, пред да се сврти кон нејзиното лице, каде изгледа како да ги брише солзите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Изгледа дека пејачката многу сака обоени дијаманти, бидејќи првиот и легендарен веренички прстен што го доби од Афлек во ноември 2002 година беше розов, а во тоа време чинеше баснословни 2,5 милиони долари. Осумнаесет години подоцна, Џеј Ло повторно доби прстен од ново-стариот свршеник кој го одзема здивот.

 

Честитки пристигнуваат од сите страни, но притоа, сите се прашуваат и дали овој пат холивудската двојка ќе успее да стигне до олтарот.

Лани оваа време Џенифер беше свршена со бејзбол ѕвездата Алекс Родригез. Латино дивата зад себе има неколку бракови и свршувачки.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини